Утрински Весник
Свет

Украина бара од земјите да го криминализираат симболот „З“

Украина бара од земјите да го криминализираат симболот „З“

Украина ги повика земјите да ја криминализираат употребата на симболот „З“, што покажува поддршка за руската инвазија.

Првично користена за означување на руски тенкови кои влегуваат во Украина, буквата З, чиешто точно значење сè уште не е познато, беше усвоена како знак на поддршка за рускиот напад врз Украина.

Три германски провинции – Берлин, Баварија и Долна Саксонија – веќе соопштија дека секој што ќе го истакне симболот може да се соочи со три години затвор, а германското Министерство за надворешни работи соопшти дека оние што го прикажуваат симболот на инвазијата може да бидат кривично гонети.

Украинскиот министер за надворешни работи Димитриј Кулеба ги повика другите земји да ја следат Германија.

„З“ значи руски воени злосторства, бомбардирани градови, илјадници убиени Украинци“, напиша Кулеба на Твитер. „Јавната поддршка за ова варварство мора да се забрани“, додаде тој.

Можете да прочитате

Зеленски бара зимско примирје со Русија за да се одржат избори

Американската војска се подготвува за нови напади врз Иран

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина