Утрински Весник
Свет

Голем пресврт по денешните преговори: Русија најави повлекување од делови во Украина

Голем пресврт по денешните преговори: Русија најави повлекување од делови во Украина

Русија радикално ќе ги намали воените активности во областите околу Киев и Чернигов, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Според извештајот, ова го соопштило Министерството за одбрана на Русија во соопштение што го прочитал заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Александар Фомин.

„Поради фактот што преговорите за подготовка на Договорот за неутралност и ненуклеарен статус на Украина, како и обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина почнуваат да се спроведуваат во пракса, имајќи ги предвид принципите за кои се разговараше за време на денешниот состанок и со цел да се зголеми меѓусебната доверба и да се создадат неопходни услови за понатамошни преговори и постигнување на крајната цел – одобрување и потпишување на споменатиот договор, Министерството за одбрана на Русија донесе одлука радикално да ги намали воените активности во регионите на Киев и Чернигов“, рече Фомин.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно денеска изјави дека воената операција во Украина ќе трае сè додека не се исполнат целите, но истовремено најави пресврт на руската стратегијата во Украина.

„Првата фаза од војната е завршена. Руската армија се фокусира на примарната цел да го ослободи Донбас“, рече Шојгу.

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја