Утрински Весник
Свет

Црна Гора ги чувствува последиците од војната во Украина – се доведува во прашање сигурен прилив на пари

Црна Гора ги чувствува последиците од војната во Украина – се доведува во прашање сигурен прилив на пари

Црна Гора се соочува со неизвесна иднина откако се обврза да воведе санкции кон Русија, по примерот на Европската унија, која го доведе во прашање некогаш сигурен прилив на пари од Русија.

Оваа земја долго време беше магнет за суперјахти, туристи и руски шпекуланти на пазарот на недвижности, но сега Црна Гора се најде во неочекувана позиција, пишува Хина.

– Секој удар врз економијата може да се покаже фатален за земја со само 620.000 жители. Околу четвртина од економијата отпаѓа на туристичкиот сектор, кој во голема мера се „храни“ од Русија повеќе од една деценија, рече Даница Казанегра Греговиќ, извршен директор на Гуливер Црна Гора, додавајќи дека Црногорците зависат од Русите.

– На главното шеталиште во Будва почесто се слуша руски отколку црногорски, а има и локали и училишта наменети за руските емигранти, чија заедница брои неколку илјади луѓе – додава таа. За Греговиќ и многу други, инвазијата на Украина, брзо проследена со западни санкции врз руските финансиски институции и забрана за летови низ Европа, предизвика страв од негативни последици.

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја