Утрински Весник
Свет

Британското Министерство за одбрана: Русија продолжува да претставува значајна закана за Киев

Британското Министерство за одбрана: Русија продолжува да претставува значајна закана за Киев

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот „пресек на ситуацијата“ во Украина. „Се уште постои закана“, се вели во анализата.

„Украинските сили продолжија да вршат локални контранапади во северозападниот дел на Киев – вклучувајќи ги Ирпин, Буча и Хостомел. Овие напади имаа одреден успех, но Русите беа потиснати од голем број позиции“, велат Британците.

„Сепак, Русија продолжува да претставува значајна закана за Киев. Руските сили ја продолжија офанзивата на Мариупол со континуирано силно гранатирање на градот, но центарот на градот останува под украинска контрола“, се вели во анализата.

Исто така, се наведува дека на други места, руските сили одржуваат блокирачки позиции додека се обидуваат да ги реорганизираат и ресетираат своите сили.

Можете да прочитате

Руски авиони упаднале во Естонија

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток