Утрински Весник
Македонија

216 возачи во државата казнети за брзо возење

216 возачи во државата казнети за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 216 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 95 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

МОН ги објави резултатите: Доделени над 2.400 стипендии за социјална поддршка и дуално образование

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас“ и бара истрага од ЈО

Не излегувајте без чадор: Се очекуваат обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег