Утрински Весник
Свет

Русија е подготвена да се откаже од некои барања

Русија е подготвена да се откаже од некои барања
Dik 300x250 mk

Русија повеќе не сака Украина да биде „деназифицирана“ и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на Европската унија доколку таа остане воено неврзана како дел од тековните преговори за прекин на огнот, велат извори блиски до преговарачите.

Според тоа, договорот за прекин на огнот за кој моментално се преговара меѓу Русија и Украина треба да го вклучи и повлекувањето на Украина од членството во НАТО во замена за безбедносни гаранции и изгледите за пристапување во Европската унија. Сепак, изворите ја открија оваа информација под услов да останат анонимни бидејќи сè уште не е конечно договорено прашањето.

– Нацрт-документот за прекин на огнот не содржи никаква дискусија за трите клучни барања на Русија: „деназификација“, „демилитаризација“ и „правна заштита на рускиот јазик во Украина“ – рекол неименуван извор, пренесува Гардијан.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи