Утрински Весник
Свет

Украина: Руски командант се самоубил откако дознал дека тенковите им се неупотребливи

Украина: Руски командант се самоубил откако дознал дека тенковите им се неупотребливи

Украина тврди дека руски командант се самоубил откако дознал дека 90 отсто од нивните резервни тенкови се неупотребливи и непоправливи бидејќи биле украдени делови, пренесува „Метро“.

Во тврдењата кои не се потврдени, украинското Министерство за одбрана вели дека некои руски тенкови немаат ни мотори или се целосно демонтирани.

Министерството за одбрана соопштило дека руските војници се мачат на бојното поле и дека проблем е неможноста да се обнови опремата.

„Во моментот, непријателот се обидува да стави во функција значително количество опрема што доаѓа од складишта. Состојбата на оваа опрема е генерално незадоволителна, што ја спречува нејзината употреба. Плановите за пренос на опремата од складиштата на фронтот се спречени“, напишало на „Телеграм“ украинското Министерство за одбрана.

Можете да прочитате

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење

Русија прогласи примирје поради воената парада