Утрински Весник
Магазин

Семјуел Л. Џексон доби „Оскар“ за животно дело

Семјуел Л. Џексон доби „Оскар“ за животно дело

Семјуел Л. Џексон, познат по неизбришливите изведби во десетици филмови, доби задоцнето признание во петокот.

73-годишниот актер, кој стекна слава во рамки на соработката со Спајк Ли и Квентин Тарантино, и кого ќе го паметиме како редовен лик во блокбастерите на Марвел како и во „Војна на ѕвездите“, претходно имаше само една номинација за споредна улога во „Евтини приказни“ (Pulp Fiction), но не и „Оскар“.

Во текот на кариерата која трае половина век, Џексон се појави во повеќе од 150 филмови.

Златната статуетка за животно дело му беше доделена како признание за неговите достигнувања во кариерата. Свеченоста се одржа во петокот, два дена пред главната церемонија.

Очигледно пресреќниот Дензел Вашингтон му ја врачи почесната награда, прв „Оскар“, 32 години откако заедно глумеа во музичката комедија-драма Mo’ Better Blues („Уште подобар блуз“).

Големи таленти: Семјуел Џексон, норвешката актерка Лив Улман и американскиот актер Дени Гловер добија почесни „Оскари“.

Можете да прочитате

Голема Back to School забава во Џевахир Мол: Диџеј Боно и омилените маскоти ги пречекуваат децата на првиот училишен ден

Дневен хороскоп за 31 Август 2026 година

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании