Утрински Весник
Свет

Зеленски оптимист пред преговорите: Бараме мир без одлагање

Зеленски оптимист пред преговорите: Бараме мир без одлагање
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека одлуката да се одржи нова средба на преговарачките делегации на Русија и Украина во Истанбул „не е лоша“.

Pet Utrinski

– Следува нова рунда преговори бидејќи бараме мир, навистина, без одлагање. Како што сум информиран, постои можност и потреба за средба лице в лице во Турција. Ова не е лошо. Да го погледнеме резултатот – рече тој во видео-обраќањето објавено од неговиот кабинет доцна во неделата.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Тој додаде дека се познати приоритетите на Украина во преговорите кои, како што рече, несомнено се суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Зеленски подвлече дека „ефективните безбедносни гаранции“ за Украина се „задолжителни“.

– Нашата цел е очигледна – мир и што поскоро враќање на нормалниот живот во нашата матична земја – додаде Зеленски, нагласувајќи дека санкциите против Русија, „против агресија“ се потребни се додека руските војници останат на територијата на Украина.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во разговор со рускиот лидер Владимир Путин во неделата се договорил следната средба на преговарачките делегации на Русија и Украина да се одржи во Истанбул.

Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Путин телефонски разговарале за актуелната ситуација и преговорите во врска со војната меѓу Русија и Украина.

Во соопштението се вели дека Ердоган ја истакнал потребата да се прогласи прекин на огнот, да се воспостави мир и да се подобри хуманитарната ситуација во регионот што е можно поскоро.

Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да ја дава сета потребна поддршка во тој процес.

Можете да прочитате

Судењето против Трамп се ближи кон крајот

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Џенет Јелен ќе ги повика САД и Европа да дејствуваат заедно за користењето на замрзнатите руски средства