Утрински Весник
Свет

Блинкен: САД немаат стратегија за промена на режимот во Москва

Блинкен: САД немаат стратегија за промена на режимот во Москва

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен изјави за новинарите дека „Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва“. Тој беше замолен од новинарите да ја коментира вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“.

„ Мислам дека претседателот, како што објасни синоќа Белата куќа, рече дека Путин не може да има овластување да започне војна или агресија против Украина или некој друг“, рече Блинкен.

„ Како што знаете, ние многупати кажавме дека Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва или на кое било друго место“, рече Блинкен.

Можете да прочитате

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапки на територии