Утрински Весник
Македонија

И утре сонце, од понеделник дожд

Утре по котлините ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 17 до 23 степен, jави УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во понеделник ќе биде значително облачно со врнежи од дожд претежно во западните делови. На средината на неделата ќе преовладува сончево и топло со променлива облачност, а кон крајот на неделата ќе дува се повеќе јужен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со појава на повремен дожд.

Можете да прочитате

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец