Утрински Весник
Економија

Бочварски: Ги пречекавме првите патници од првиот лет Скопје-Софија, воспоставуваме нови авионски врски

Бочварски: Ги пречекавме првите патници од првиот лет Скопје-Софија, воспоставуваме нови авионски врски

Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија – Скопје.

Со ова започнува да се реализира редовната авиолинија Софија – Скопје што произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји.

Авиокомпанијата Гуливер ќе ги поврзува главните градови два пати во неделата, со интенција оваа линија да се поврзе и со аеродромот во Охрид.

Министерот Бочварски изрази задоволство од воспоставувањето на овој лет и најави можност за отворање линии и кон други нови дестинации.

„Ме радува што во многу брзо време најдовме согласност и заеднички со Република Бугарија ја воспоставивме оваа линија. Работите се движат во посакуваниот правец и веќе ги гледаме резултатите од работењето на мешовитите групи со колегите од Бугарија. Летот Софија – Скопје од денеска почнува да сообраќа и првите патници веќе пристигнаа во Скопје. Им посакувам добредојде во нашата држава и испраќам порака дека нашата земја има што да понуди во делот на туризмот. Остануваме посветени со нашите пријатели и во наредниот период во изнаѓање на решенија со кои ќе ги зацврстиме пријателските односи и кои ќе донесат економски бенефит за двете држави.“ – изјави министерот Бочварски од аеродромот во Скопје.

Министерството за транспорт и врски продолжува со креирање политики за развој на авиосообраќајот во земјата и отворање на нови дестинации за нашите граѓани.

Можете да прочитате

Шпанија го засилува истражувањето на бакарот, Македонија сè уште не го користи потенцијалот од Иловица

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина