Утрински Весник
Свет

(Видео) Русија: Не користиме фосфорни бомби, туку безопасни факли, разликата e oчигледна

(Видео) Русија: Не користиме фосфорни бомби, туку безопасни факли, разликата e oчигледна
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера обвини дека руските сили користат забранети фосфорни бомби во Украина.

Руското Министерство за надворешни работи му одговори на „Твитер“ пишувајќи дека неговите тврдења се лажни вести.

„Тоа беа факли за осветлување, а не бомби. Фосфорните бомби изгледаат поинаку“, напишаа тие и објавија видео на кое, како што тврдат, може да се сеогледа разликата меѓу двете.

Белиот фосфор рутински го чуваат армиите ширум светот и легално се користи во борбите како димна завеса во текот на денот и како осветлување на теренот ноќе.

Но, нелегално е да се користи против цивили бидејќи предизвикува сериозни и исклучително болни изгореници при контакт со кожата. Употребата на бел фосфор во цивилни области е забранета, меѓу другото, и со Женевската конвенција.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз