Утрински Весник
Свет

Бајден: Почит за Полска затоа што прими два милиона бегалци

Бајден: Почит за Полска затоа што прими два милиона бегалци

Американскиот претседател Џо Бајден денеска и оддаде почит на Полска која обезбеди засолниште за повеќе од два милионa украински бегалци, а потоа се сретна со хуманитарни експерти на терен за да разговараат за тоа што треба да се направи за да се намали страдањето на Украинците.

„Уништувањето во Украина не запира. Сè изгледа како нешто од научно-фантастичен филм“, рекол Бајден, а пренесува „Гласот на Америка“.

Пред разговорите со полскиот претседател Анджеј Дуда, Бајден ги посети американските војници кои се обидуваат да помогнат во хуманитарните операции во близина на украинската граница и да го зајакнат американското воено присуство на источното крило на НАТО, пренесе „Гласот на Америка“.

Полскиот и американскиот претседател се сретнаа во полскиот град Жешов, недалеку од украинската граница.

Средбата беше одложена повеќе од два часа, бидејќи авионот на полскиот лидер мораше принудно да слета во Варшава, пренесоа светските медиуми.

Можете да прочитате

Обновено снабдувањето со струја во главниот град на Гренланд

Орбан до Зеленски: Унгарија нема да биде заплашена

Примирје во Сирија по договор меѓу Владата и Сириските демократски сили