Утрински Весник
Свет

Додик: Украина е колатерална штета а јас не сум нечиј играч

Додик: Украина е колатерална штета а јас не сум нечиј играч

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик ги демантираше шпекулациите дека Република Српска, според наводната директива на рускиот претседател Владимир Путин, работи на отцепување.

Додик за РТРС изјави дека тој не е ничиј играч, туку човек на српскиот народ и на Република Српска и дека е фантастична приказна дека Српска тајно се подготвува за отцепување и дека тоа им го наредил Путин.

„ Дваесет пати разговарав со Путин, па дури и се обидов да го придобијам, па му реков: „ Ве молам претседателе, кога ќе го поделите или изедначите овој свет, внимавајте на нас, на што тој се смееше“, рече Додик.

Додик рече дека Украина е колатерална штета за глобалните односи и дека Русија интервенирала за да заштити значителен број Руси кои живеат во Украина и да им обезбеди права.

Можете да прочитате

Шефот на СЗО со апел до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

Над 30 лица загинаа во судири во затвор во Еквадор

Сe судрија возови во Словачка, десетици повредени