Утрински Весник
Свет

Европа и НАТО никогаш не можат да се вратат во времето пред рускиот конфликт

Европа и НАТО никогаш не можат да се вратат во времето пред рускиот конфликт
Dik 300x250 mk

Естонија бара НАТО да формира армија во Источна Европа која ќе може да се брани од руската офанзива, пишува „Гардијан“.

Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Естонија, Џонатан Всевиов изјави дека Европа и НАТО никогаш не можат да се вратат во времето пред рускиот конфликт со Украина, кој започна на 24 февруари.

„ Ќе бидеме во сосема нова безбедносна средина. Ќе има нова Украина, нова Русија, нова Европа. Не можеме да се вратиме на 23 февруари“, изјави Всевиов за „Гардијан“ пред утрешниот самит на НАТО.

Повеќе од 20.000 војници на НАТО, главно Американци, веќе се стационирани во балтичките земји, Полска и остатокот од Источна Европа.

Пред рускиот напад на Украина во регионот имаше само неколку илјади војници. Тие требаше да бидат првата линија на одбрана против некој хипотетички руски напад и сигурно ќе бидат поразени во секој конфликт со Русите. Меѓутоа, бидејќи меѓу нив имаше американски војници и војници од други западни земји, тие всушност требаше да послужат како предупредување за Русите, дека тие земји ќе испратат значително повеќе војници во случај на офанзива.

Всевиов, поранешен амбасадор на Естонија во САД, смета дека во случај на напад на Украина, Русија повторно пресметала до таа мера што Западот повеќе не може да претпоставува дека Москва ќе го разбере тоа предупредување.

Можете да прочитате

Кој стои зад грабежот на векот: Еве како изгледа украдениот накит од Лувр (ФОТО)

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија