Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Ед Ширан чека пресуда во случајот авторски права на Shape of You

Ед Ширан чека пресуда во случајот авторски права на Shape of You
300x250 opst2

Ед Ширан се соочува со чекање денови и недели за да го дознае исходот од судењето во Високиот суд за неговиот хит Shape of You.

Британецот е обвинет дека копирал дел од песна од друг музичар.

Во завршните зборови, адвокатот на музичарот кој го тужи, Сами Чокри, нагласи дека постои неоспорна сличност меѓу двете дела. Но, адвокатот на Ширан беше дециден дека случајот против неговиот клиент е логички неразбирлив.

По завршните зборови на адвокатите, судијата Закароли рече дека ќе му треба дополнително време за да донесе пресуда, пренесува Би-би-си.

11-дневното судење заврши во вторникот. Иан Мил, кој го претставува Ширан, нагласи дека „судењето било длабоко трауматизирачко за поп-ѕвездата и за коавторите Џони Мекдејд и Стив Мек“.

Според адвокатот, овој судски процес е големо понижување за еден докажан и успешен уметник. Тој тврди дека воопшто не требало да има судење.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот маченик Калистрат

Хороскопски знаци кои тешко примаат комплименти

Од електроника до поп, од поезија до трап – современиот звук на ПМГ Рекордингс фестивал 14