Утрински Весник
Свет

Принцот Вилијам: Солидарни сме со украинските борци

Принцот Вилијам: Солидарни сме со украинските борци

Британскиот принц Вилијам им оддаде почит на Украинците кои се борат да преживеат во својата татковина по посетата на британскиот воен камп за обука во џунглите во Белизе со неговата сопруга Кејт, како дел од неговата седумдневна турнеја на Карибите.

Принцот Вилијам, поранешен пилот на британското кралско воздухопловство, зборуваше за зачувување на демократијата и истакна дека Белизе им се придружи на многу други нации кои ја осудуваат руската инвазија на Украина.

„Денес мислиме на оние кои се борат во Украина и се солидаризираме со нив“, рече принцот Вилијам за време на гала вечерата со премиерот на Белизе во областа на археолошкиот резерват Кахал Печ.

Посетата на војводата и војвотката од Кембриџ на таа централноамериканска земја се совпаѓа со 70-тата прослава на тронот на кралицата Елизабета и доаѓа во време на растечко преиспитување на колонијалните врски на Британската империја со регионот.

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија