Утрински Весник
Свет

Руската ФСБ бара моментална забрана на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Руската ФСБ бара моментална забрана на „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска побара моментална забрана на американските социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, на првиот ден од судењето за екстремизам, додека репресијата врз медиумите се интензивира по инвазијата на Украина.

„Активностите на Мета (матичните куќи на Фејсбук и Инстаграм) се насочени против Русија и нејзините вооружени сили. Бараме нејзина забрана и итна примена на оваа мерка“, рече портпаролот на ФСБ, Игор Коваљевски, на сослушувањето, пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Државниот обвинител побара и забрана на „Мета“, „поради очигледни знаци на екстремистичка активност“. Сепак, тој побара од забраната да се исклучи апликацијата за пораки „Вацап“, која исто така е во сопственост на „Мета“.

На 11 март руското државно обвинителство побара „Мета“ да биде означена како екстремистичка организација, со што се отвора патот за забрана за сите нејзини активности во Русија.

Барањето е поднесено по одлуката на матичната куќа на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ да ги олеснат правилата во врска со говорот на омраза против руската армија и државниот врв поради воената операција на Москва во Украина. Државното правобранителство оцени дека „Мета“ ги оправдува „терористичките акции“ и поттикнува „омраза и непријателство“ кон Русите.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни