Утрински Весник
Спорт

Ига Швјонтек со 11 победи во низа и круната од Индијан Велс

Ига Швјонтек со 11 победи во низа и круната од Индијан Велс

Полската тениска сензација, Ига Швјонтек ја продолжи својата фантастична серија во 2022 со својата 11-та победа во низа, декласирајќи ја Гркинката Марија Сакари со 6:4/6:1 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс.

Со својата петта титула во кариерата и втора едноподруго по трофејот од Доха, Швјонтек ќе се искачи на второто место на ВТА листата од понеделник. Таа е првата Полјачка со титулата од елитниот турнир во калифорниската пустина.

Против Сакари таа не трошеше време, завршувајќи ја работата за 80 минути за да го продолжи совршениот скор во петте финалиња, во кои заедно има загубено само 16 гема. Да потсетиме, таа е шампионка од Ролан Гарос во 2020 година, што беше нејзина прва титула.

> Ига Швјонтек со 11 победи во низа и круната од Индијан Велс <

Можете да прочитате

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари

По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид