Утрински Весник
Свет

Папата Франциско со повик да престане конфликтот: Војната во Украина е неоправдан и бесмислен масакр

Папата Франциско со повик да престане конфликтот: Војната во Украина е неоправдан и бесмислен масакр

Папата Франциско денеска го нарече конфликтот во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да престанат со оваа неприфатлива војна.

„За жал, насилната агресија против Украина не стивнува, им порача папата Франциско на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно се повторуваат убиства и злосторства.

„Нема оправдување за ова“, рече папата.

Тој, исто така, ги повика сите актери во меѓународната заедница да работат на завршување на војната.

„И оваа недела имаше проектили, бомби паднаа врз стари лица, деца и бремени мајки“, рече папата.

Неговите мисли се, како што истакна, со милиони луѓе кои бегаат.

„А јас чувствувам голема болка за оние кои немаат ни можност да побегнат“, додаде тој.

Кажа дека пред се треба да се почитува и штити беспомошниот живот, а не да се елиминира. Тој приоритет е пред секоја стратегија, рече папата.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока