Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски тера матни дилови во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски тера матни дилови во МВР

Спасовски тера матни дилови во МВР, мува не го лази што за 60 дена има 50 разбојништва во Скопје и 3500 кривични настани во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Компанијата „Инфинити“, која директно се поврзува со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Македонија добила над 10 тендери вредни 1,5 милион евра, а најголемиот го добила токму од МВР на Оливер Спасовски. МВР и „Инфинити“ во јануари годинава склучиле договор за набавка на компјутери во вредност од 1 милион евра. Со ова се загрозува безбедносниот сектор на Македонија, особено ако се има предвид дека компанијата е на црната листа на САД. Очигледно Спасовски мува не го лази за диловите на МВР кои се скандалозни“, се посочува во писмената реакција од оваа партија.

„Впрочем него мува не го лази ниту за метазстазирањето на криминалот во Македонија. Само во овие 60 дена откако е реизбран за министер за внатрешни работи, освен матни зделки ништо друго не превзема. Во Скопје за овие 60 дена се случија 50 разбојништва, а низ цела македонија има 3500 кривични настани. Царува криминалот, а што друго и да се случува кога мафијата е власт во државата“, е наведено во соопштението од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт