Утрински Весник
Свет

Украинска телевизија: Наша новинарка исчезна, веруваме дека ја држат Русите

Украинска телевизија: Наша новинарка исчезна, веруваме дека ја држат Русите
Dik 300x250 mk

Украинската телевизија Хромадске објави дека нивната новинарка Викторија Рошчина исчезнала на југоистокот на земјата.

Тие веруваат дека ја држат руските сили. Последен пат беше слушнато за неа на 12 март, ден откако објави напис од градот Енерходар, кој беше окупиран од Русија, изјавиле тие.

Украинската комесарка за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека владата верува дека Рошчина е киднапирана во градот Бердјанск, кој исто така е под руска окупација на брегот на Црното Море.

Си-Ен-Ен наведува дека Хромадске е мала телевизиска станица која почнала да работи во 2013 година, а е поврзана со протестите во Киев кои започнале таа година.

Исчезнувањето на оваа новинарка беше пријавено во време кога други активисти и функционери известуваат дека биле приведени против нивна волја во делови на Украина кои ги држи руската армија. Според организацијата за човекови права ЗМИНА, од почетокот на војната од руските сили во Украина биле приведени околу 17 лица.

Можете да прочитате

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк