Утрински Весник
Економија

Медведев: Економијата на Русија никогаш нема да пропадне поради санкции

Медведев: Економијата на Русија никогаш нема да пропадне поради санкции

Руската економија никогаш нема да пропадне поради санкциите, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

„Ги имаме сите можности за сопствен развој. Претходните санкции ни направија многу добро, не принудија да развиеме замена на увозот во сите сектори, вклучително и научно-интензивните, да развиваме нови технологии, производи и лекови“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој изјави дека руската влада веќе донела одлуки за поддршка на луѓето и економијата: социјални бенефиции, дополнително финансирање на високотехнолошкиот сектор, земјоделството и банкарскиот сектор.

„Нема да има колапс во економијата. Русија има многу доверливи партнери не само во постсоветскиот простор, туку и во Кина, Југоисточна Азија и африканските земји“, истакна Медведев.

Тоа е огромен и перспективен пазар, кој не е конфликтен како европскиот, напиша тој и додаде дека резултатите од ова партнерство и соработка се сосема евидентни.

Според него, странските компании не сакаат да го загубат рускиот пазар, туку се принудени да се повлечат од него под притисок на политичарите од нивните земји.

Можете да прочитате

СДСМ: Пратениците од власта го одбија нашиот амандман за зголемување на минималната плата на 22.000 вработени

124 амандмани за вториот ребаланс: Власта бара приспособување, опозицијата критикува кратење на инвестициите

Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови