Утрински Весник
Економија

Проблеми за Германија-Министерот Хабек го предупредува народот

Проблеми за Германија-Министерот Хабек го предупредува народот

Германскиот министер за економија изрази загриженост поради увозот на гас во Германија.

„Откажувањето на гасот од Русија може да доведе до прекин на греењето во Германија следната зима“, изјави германскиот министер за економија.

Според него, доколку се прекине снабдувањето од Русија и не се појават нови извори, тогаш Германија нема да може да ги загрее куќите и да ја обезбеди потребната енергија за индустријата.

Германскиот министер Роберт Хабек рече дека приоритет за Германија е да најде нови снабдувачи со гас и да ја направи Германија независна во таа смисла во однос на Русија. Повеќе од половина од вкупното количество увезен гас во Германија доаѓа од Русија, како што наведува германското министерство, така што ќе биде речиси невозможно да се покрие таков дефицит во блиска иднина.

„Ако не добиеме повеќе гас следната зима и ако испораките од Русија бидат прекинати, тогаш дефинитивно нема да имаме доволно гас за да ги загрееме сите наши куќи и да ја одржуваме целата наша индустрија“, вели Хабек.

Можете да прочитате

МЕРМС го одбележа Денот на рударите: Почит кон трудот денес, визија за модерно рударство утре

СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Левица: Наместо да се купат вакцини се чека донација која не се знае дали и кога ќе пристигне