Утрински Весник
Македонија

297 казни за брзо возење низ целата држава

297 казни за брзо возење низ целата држава

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (18 март) спровела засилена контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани биле 297 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 206 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во текот на викендот.

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор