Утрински Весник
Свет

Канада си пишуваше забелешки врз руско писмо, па го налути Кремљ: „Тоа е русофобна клевета“

Канада си пишуваше забелешки врз руско писмо, па го налути Кремљ: „Тоа е русофобна клевета“

Русија ја обвини Канада за „дипломатија на ниво на градинка“ откако на Канадската мисија на Обединетите нации на „Твитер“ се појави верзија на писмо со додадени корекции.

Имено, дојде до дипломатски спор околу писмото во кое се бара поддршка за нацрт руската резолуција за помош на Украина. Канада го објави писмото на Твитер со „предложени промени“, кое потоа беше споделено на други профили на ОН, пренесува Би-Би-Си.

Во четвртокот беше објавена слика од писмото со црвени ознаки. Писмото, потпишано од рускиот дипломат Василиј Небензија, претходно беше испратено до сите членки на ОН.

Во него рускиот дипломат наведе дека пишува „во врска со итното прашање поврзано со ужасната хуманитарна ситуација во и околу Украина“. Канадската мисија додаде забелешка во тој дел: „која ја предизвикавме со нашата нелегална агресија“.

Во делот во кој се вели дека „западните колеги го политизираат хуманитарното прашање“, додадена е забелешка: „Дали мислите дека членките на ОН всушност веруваат во тоа? Ве молам појаснете. ”

Рускиот дипломат тоа го нарече „русофобна клевета“.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина