Утрински Весник
Свет

Џонсон: Уверен сум повеќе од било кога дека Путин ќе биде поразен

Џонсон: Уверен сум повеќе од било кога дека Путин ќе биде поразен

На конференцијата на шкотските конзервативци, британскиот премиер, Борис Џонсон рече дека е поуверен од кога било дека рускиот претседател, Владимир Путин, ќе биде поразен во Украина.

Нема да успее, рече тој, бидејќи во неговиот катастрофален потфат во Украина фатално го потцени херојството и решителноста на Украинците да се борат.

„Путин го потцени единството на Западот. Тој, исто така, ја потцени страсната посветеност на луѓето во оваа земја да помогнат. Ќе биде обезбедено повеќе оружје за помош на Украина против немилосрдното бомбардирање“, додаде тој.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија