Утрински Весник
Свет

Русија: „Гугл“ е против нас

Русија: „Гугл“ е против нас

Русија бара од „Гугл“ да престане да шири закани за руските граѓани преку „Јутјуб“.

Руската агенција за технологија и комуникации „Роскомнадзор“ објави дека „Јутјуб“ e ги загрозува животите и здравјето на руските граѓани и дека ширењето на видеа преку „Јутјуб“ е доказ за антирускиот став на „Гугл“.

„Ројтерс“ го контактираше „Гугл“ за коментар, но сè уште не добил одговор.

Во меѓувреме, потпретседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска најави дека Русија ќе ги поддржи сопствените сервиси за пораки и социјални мрежи.

„Англосаксонскиот свет не е единствениот што има свои социјални мрежи и четови, имаат и Русија и Кина. Нашата земја ги има потребните алатки и искуство за нивно развивање. Ќе продолжиме да ги поддржуваме“, рече Медведев, а пренесе руската агенција ТАСС.

Тој додаде дека западните медиуми само ги намалиле своите корисници во Русија со своите, како што кажа, неспособни одлуки.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица