Утрински Весник
Спорт

Тухел: Нема поголем предизвик од Реал Мадрид

Тухел: Нема поголем предизвик од Реал Мадрид

Актуелнот европски првак го доби Реал за противник во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Победникот, во полу-финалето ќе игра против Манчестер сити или Атлетико.

Минатата сезона, на патот до титулата, Челси го елиминираше Реал во полу-финалето (2:0, 1:1).

„Тежок ривал. Не можевме да добиеме потежок предизвик. Реваншот ќе го играме на Сантијаго Бернабеу пред навивачи, што само ќе ја зголеми возбудата. Знам што не очекува, ќе биде интересно и предизвикувачки“, изјавил тренерот на актуелниот европски првак.

Првиот натпревар ќе се одигра на 5.април, реваншот на 13. истиот месец.

> Тухел: Нема поголем предизвик од Реал Мадрид <

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС