Во Турција денеска свечено ќе биде отворен мостот „Чанаккале 1915“. над Дарданелското Море кое ги поврзува Европа и Азија на 4,6 километри.
Тој е еден од најдолгите такви мостови во светот и најдолгиот мост меѓу Европа и Азија.
Мостот, познат и како „ѓердан на теснецот Чанаккале“, свечено ќе го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 107-годишнината од поморската битка во Чанаккале, јавува Анадолија. Тој, како што е наведено, ќе стане најдолгиот висечки мост со среден распон во светот.
Мостот ќе го скрати времето на патување меѓу Азија и Европа на само шест минути, пишува Дејли Сабах.
Тој наведува дека патувањето со фериботот меѓу европската и анадолската (азиска) страна на Дарданелите трае приближно 30 минути, а дека превозот со траект понекогаш се откажува поради невремето. Истовремено, за време на празничната сезона чекаат во ред со часови за да се качат.
The new Canakkale 1915 Bridge which is being officially opened today in #Turkey/#Turkiye. Will be longest suspension Bridge in the world. pic.twitter.com/qmc8cI5eTk
— Andrew Hopkins (@achopkins1) March 18, 2022
„Мостот Чанаккале 1915 ќе биде најдолгиот висечки мост во светот, со вкупна должина од 4.608 метри, со распон меѓу носечките столбови од 2.023 метри, должина што ја симболизира 2023 година, одбележувајќи ја 100-годишнината од основањето на Републиката.
Изградбата започна во март 2018 година, а проектот чинеше вкупно 3,1 милијарди евра, 100 милиони евра повеќе од планираното, поради влијанието на пандемијата и зголемените цени на материјалите.
Се проценува дека завршувањето на овој проект ќе го намали сообраќајот на фериботите, особено за време на летните месеци и државните празници, и ќе стане алтернативна рута за транспорт од Истанбул и Тракија до регионите Мрамора и Егејското Море.
Покрај намалувањето на времето на патување, проектот ќе обезбеди интеграција на пристаништата во регионите на Мармара и Егејското Море во сите транспортни системи.