Утрински Весник
Свет

Во Германија нов рекорден број на заразени со коронавирус

Во Германија нов рекорден број на заразени со коронавирус

Во Германија, оваа недела речиси секој ден се поставува нов рекорд по бројот на новозаразени лица со коронавирус.

Според Институтот „Роберт Кох“, во изминатите 24 часа се регистрирани 297.845 нови случаи на зараза. За споредба, во петокот минатата недела бројот на новозаразени беше 252.836 лица.

Седумдневната инциденца поставува и нов рекорд, со 1.706,3 на 100.000 жители. Само ден претходно беше на ниво од 1.651,4.

Во последните 24 часа починаа 226 лица заразени со коронавирус, соопштија тамошните власти.

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка