Утрински Весник
Свет

Путин го обвини Киев дека ги одолговлекува преговорите

Путин го обвини Киев дека ги одолговлекува преговорите

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини Киев за одложување на мировните преговори.

Путин му рекол на Шолц дека Киев го прави тоа поставувајќи нови, нереални барања.

Тој му рекол и на Шолц дека руската армија на терен прави се за да ги спаси животите на цивилите.

Во соопштението на Кремљ се вели дека разговорот бил инициран од германскиот канцелар.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин денеска ќе одржи седница на Советот за национална безбедност, а за вечерва е планиран телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО