Утрински Весник
Свет

Британскиот министер осум минути разговарал со лице кое лажно се претставувало како Зеленски

Британскиот министер осум минути разговарал со лице кое лажно се претставувало како Зеленски
Dik 300x250 mk

Британскиот министер за одбрана Бен Валас разговарал преку Мајкрософт тимс со лажен повикувач кој се претставил како украинскиот претседател Володимир Зеленски а неговиот колега Џејмс Хепи во разговор за Скај њуз го бранел Валас.

„Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик за прислушување. Повикот на почетокот бил нормален, рече тој, но кога јавувачот почнал да поставува поостри прашања кои вообичаено не би ги поставувал, Валас се посомневал и ја прекинал врската“, вели Хепи.

Да потсетиме, британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела.

„Украинските сили продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили кои постигнаа минимален напредок оваа недела“, соопшти Министерството, пренесоа медиумите.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим