Утрински Весник
Свет

Приведен поранешниот премиер на Бугарија-Бојко Борисов?

Приведен поранешниот премиер на Бугарија-Бојко Борисов?

Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Информацијата ја пренесуваат бугарските медиуми.

Според новинарските извештаи, полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата било „итна проверка“. Контроли се вршеле и во домовите на претставниците на големиот бизнис.

Информацијата, според извештаите, ја потврдиле и високи извори од новата влада, објави 24 часа. Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, изјавил извор од кабинетот за медиумот.

Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

Министерството за внатрешни работи, кое го најави неговото апсење, ја избриша веста од сопствената веб-страница, јавуваат тамошните гласила.

„Борисов не е приведен но во моментов се претресува неговиот дом“, ова го изјави Никола Николов од ГЕРБ.

10 полицајци се во неговиот дом и го претресуваат. Што се однесува до другите членови на ГЕРБ кои наводно се приведени, Николов рече дека оваа информација не е точна.

„Никој не е над законот“ напиша премиерот на таа држава, Кирил Петков на фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Според бугарските медиуми, акцијата е за 120 случаи на злоупотреба на средства од ЕУ.

Можете да прочитате

Француските трговци ги заковуваат излозите пред новите протести, се плашат од грабежи

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат