Утрински Весник
Македонија

Средба на Ковачевски со заменик-премиерот на Катар: Интерес за унапредување на соработката во одбраната и економијата

Средба на Ковачевски со заменик-премиерот на Катар: Интерес за унапредување на соработката во одбраната и економијата

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со делегација од Државата Катар, предводена од Халид бин Мохамед Ал-Атија, заменик-премиер и државен министер за одбрана.

На состанокот е изразена заедничка определба за унапредување на соработката во областите на одбраната и на економијата.

Пренесена е покана до Ковачевски, од премиерот во Доха, за официјална посета на Катар.

Оценето е дека Република Северна Македонија покажува лидерство во решавањето отворени прашања и бележи напредок.

Ковачевски соопшти дека Република Северна Македонија ја смета државата Катар за пријателска земја и соопшти дека постои заинтересираност за претставување на можностите за инвестирање во нашата држава, пред стопанствениците во Катар.

„Вложуваме во стандардот на граѓаните и сериозно сме заинтересирани за нови инвестиции. Имаме закони според европски стандарди и монетарни политики според стандардите на ММФ. Стабилни се денарот и макроекономските параметри. Исто така, придонесуваме во регионалната стабилност како држава членка на НАТО и преку развојот во иницијативата Отворен Балкан. Сето ова отвора можности за развој на меѓусебната соработка“, рече Ковачевски.

Во однос на одржувањето на мирот во светот, споделен е ставот дека од суштинско значење е доаѓањето до решенија преку дијалог.

Во врска со ситуацијата во Украина, премиерот нагласи дека позицијата на Република Северна Македонија е во целосна согласност со позициите на нашите стратешки партнери НАТО, САД и ЕУ, со најостра осуда на руската инвазија на Украина.

Можете да прочитате

AA: Во Собрание се потврди, оваа Влада нема легитимитет и е моноетничка

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик

На Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕ, за решението треба да се гласа и на пленарна седница