Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Жесток одговор на Русија на тврдењата дека авионот со Лавров е вратен на половина пат кон Кина

Жесток одговор на Русија на тврдењата дека авионот со Лавров е вратен на половина пат кон Кина
Img 7972

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека тврдењата на германски „Билд“ дека авионот за Кина со Лавров е вратен на половина пат се лажни: „Германскиот весник „Билд“ победи во пласирањето лажни вести, пишувајќи дека Лавров синоќа полетал за Пекинг, но претседателот наредил министерот да се врати“, напиша Захарова на Телеграм.

Како што објасни таа, во написот се тврдело и дека авионот со Лавров наводно свртел над Новосибирск и слетал на аеродромот Внуково. „Лавров до доцна синоќа работеше во Министерството, а рано утринава почна да се подготвува за преговори со колегите од Блискиот Исток во Москва“, додаде Захарова.

Претходно германски „Билд“ објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата навечер заминал за Пекинг, се качил во авион, но околу половина пат неговиот авион се свртел и се вратил на аеродромот во Москва.

Билд додава дека авионот со Лавров поминал околу 2.800 километри и околу половина пат, поточно над Сибир, авионот се свртел и се вратил во Москва.

Билд напиша и дека не е јасно што се случило, ја споменале можноста Кина да одбила да го прими шефот на руската дипломатија, па дури и дека директивата за враќање доаѓа лично од Владимир Путин.

Москва, наводно, побарала од Кина воена и економска помош во претходните денови, но официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.

Можете да прочитате

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа