Утрински Весник
Свет

Советникот на Зеленски: Усогласувањето на спорните точки со Москва ќе трае и до една недела

Советникот на Зеленски: Усогласувањето на спорните точки со Москва ќе трае и до една недела

Михаил Подољак, советник на кабинетот на претседателот на Украина, ги објави условите за мировен договор меѓу Русија и Украина. Според него, тоа може да потрае од неколку дена до недела и половина, пренесуваат агенциите.

Според Подољак, и украинската и руската делегација во моментов се на своите позиции.

„Координацијата на спорните точки може да трае од неколку дена до една и пол недела. За тоа време треба да се доближиме до изготвување мировен договор“, рече тој.

Еден од клучните аспекти за Киев, истакна Подољак, е итно повлекување на руските трупи.

Советникот на Кабинетот на претседателот рече и дека во преговорите освен Русија и Украина, учествуваат и претставници на Полска. Потпишувањето на мировниот договор, сигурен е тој, „може само да стави крај на акутната фаза на конфликтот и да ни овозможи да продолжиме да оплакуваме за сите загинати и да ја обновиме земјата“.

Подољак претходно го нарече услов за средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски: според него, таа може да се одржи дури по склучувањето на мировниот договор.

Претходно, „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на тројца учесници во преговарачкиот процес, објави дека Русија и Украина за време на разговорите развиле мировен план од 15 точки. Тие вклучуваат намалување на вооружените сили на Украина и најава на Киев за неутралност.

Можете да прочитате

Клиентите на Бајнанс повлекле 3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа

Во Мексико од денеска забрането користењето мобилни телефони во училниците

Во пресрет на меѓуизборите: Трамп подготвен за масовни помилувања во својата администрација по примерот на Бајден