Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага на доделувањето награди по избор на критичарите

Лејди Гага на доделувањето награди по избор на критичарите

Лејди Гага изгледа сензационално во црн фустан додека пристигнува на доделувањето награди по избор на филмските критичари.

Поп-ѕвездата и актерка (35) блесна на црвениот тепих во ултраелегантен црн фустан од свилен тафт, раскошна креација на Џејсон Ву.

 

На церемонијата „Избор на критичарите“ (Critics’ Choice Awards), што се одржа во „ТАО Даунтаун“, професионалните критичари ги наградија најдобрите филмски и телевизиски остварувања во изминатата година.

Гага беше прогласена за најдобра актерка за филмот „Куќата Гучи“, биографска крими-драма каде ја портретира Патриција Реџани, поранешна сопруга на Мурицио Гучи, наследникот на италијанската модна империја „Гучи“, која го нарача неговото убиство.

 

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци