Утрински Весник
Свет

Гутереш: Повеќе од 3 милиони Украинци ги напуштија своите домови

Гутереш: Повеќе од 3 милиони Украинци ги напуштија своите домови

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на својот официјален профил на Твитер напиша дека повеќе од 3 милиони украински бегалци ја напуштиле својата татковина.

Речиси три недели по војната, бројот на Украинци кои избегаа во странство од руските бомбардирања за да ги спасат своите животи надмина три милиони.

– Повеќе од три милиони Украинци се принудени да ја напуштат својата татковина. Ним очајно им треба мир, а тоа го бараат и луѓето ширум светот. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна – напиша Гутереш.

Украинците масовно заминуваат во Словачка, Романија и Унгарија, додека повеќето од нив бараат засолниште во Полска. Поминаа 22 дена од почетокот на руската агресија, а градовите како Киев, Мариупол и Харков секојдневно доживуваат воздушни напади на руските воени трупи.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот