Утрински Весник
Свет

Во наредните денови ќе се одлучува за судбината на Русија, вели шефот на руската шпионажа

Во наредните денови ќе се одлучува за судбината на Русија, вели шефот на руската шпионажа

Шефот на руската агенција за надворешно разузнавање изјави дека одлуката за судбината на Русија ќе следи во наредните денови.

Сергеј Наришкин, кој ја предводи руската разузнавачка служба СВР, на собир во Москва рече дека Русија сега се наоѓа во вистински историски момент.

„Се решава судбината на Русија и нејзиното идно место во светот“, рече Наришкин.

Говорот на шефот на руската шпионажа бил фокусиран на важноста на суверенитетот, па Наришкин им порачал на делегатите дека суверенитетот е гаранција за благосостојбата и достоинството на граѓаните и иднината на децата.

„За такви работи Русија никогаш не се повлече и нема да се повлече бидејќи во спротивно ќе престане да биде Русија“, додал тој.

Инаку, Наришкин го привлече вниманието на јавноста кога рускиот претседател Владимир Путин му се потсмеваше на средба што се емитуваше во живо на руската телевизија, неколку дена пред да започне инвазијата на Украина.

Кога требаше да изрази поддршка за Путин да ги признае двата сепаратистички региона во источна Украина, Наришкин беше целосно изгубен, па Путин гo испресече со прашања и го исмеваше пред камерите.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот