Утрински Весник
Свет

Професор на Јеил: Русија станува кинески вазал

Професор на Јеил: Русија станува кинески вазал

Професорот по историја на Јеил, Тимоти Снајдер, смета дека руската инвазија на Украина ќе има лоши последици за Москва во годините што доаѓаат.

„ Глобално осудената војна и последователните санкции против Русија ја туркаат сè поблиску до Кина“, рече Снајдер, експерт за фашизам и авторитаризам, објави „Хафингтон пост“.

„ Ако (рускиот претседател Владимир) Путин не се откаже од Украина, тогаш неговото наследство нема да биде повторното воспоставување на Русија како глобална суперсила, туку таа ќе стане вазална држава на Кина“ предвидува Снајдер.

Професорот истакна дека „има многу луѓе во Русија кои разбираат“ дека војната во Украина е морална, економска и геополитичка катастрофа.

„ Прашање е дали некој од нив има храброст да му ја каже вистината на Путин и дали со време ќе разбере дека тоа што го прави го поткопува не само неговото наследство, туку и неговата моќ“ додаде тој.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking