Утрински Весник
Македонија

Османи: Нема да газиме по црвените линии за да добиеме датум

Османи: Нема да газиме по црвените линии за да добиеме датум
Dik 300x250 mk

Нема да газиме по нашите црвени линии за некој да биде задоволен со датум, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи дека Владата ќе се држи до позициите во парламентот.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи повтори дека високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел Борел не е одговорен за проширувањето во Европската унија.

„Борел со неговата посета на Скопје, како прва дестинација со цел да ја поздрави хармонизацијата на нашата надворешна политика со таа на Европската унија, беше исклучително важна, но од него не треба да се очекува да даде ветување. Ние имаме преземена обврска од 26 земји членки и имаме отворено прашање со Република Бугарија со која се обидуваме да го надминеме“, рече Османи на хуманитарен настан за помош на Украина.

Министерот нагласи дека наскоро ќе се одржи состанок на работната група за економски прашања со Бугарија, а пред некој ден се одржа и состанок на работната група за европски интеграции.

 

Можете да прочитате

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ