Утрински Весник
Свет

Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина

Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински рече дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина.

Тоа е модел на демилитаризирана држава со своја армија. Тој истакна дека се разгледуваат голем број прашања поврзани со големината на украинската армија.

„ Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководствата на министерствата за одбрана на Русија и Украина“ изјави Медински.

Тој додаде дека темата за денацификација на Украина останува на преговарачка маса.

„ Темата за денацификација и построго казнување за величење на нацизмот, неонацизмот, екстремизмот сè уште е важна точка на преговарачката агенда“, рече тој, како услов на Москва.

„ Потребна ни е мирна, слободна, независна Украина, неутрална, а не членка на НАТО, земја која е наш пријател, наш сосед“, рече тој.

„ Буквално за секое прашање, за секое писмо во договорите се разговара со големо внимание, бидејќи сакаме ова да биде договор со генерации. Дека и нашите деца живеат во свет чии темели се поставени со овој договорен процес“ порача шефот на руската делегација за целите на руската специјална операција во Украина и преговорите со Киев.

Можете да прочитате

Се појави американскиот предлог до Путин за крај на војната

Јапонија ги доби првите три борбени авиони „Ф-35 Б“

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа