Утрински Весник
Свет

Русија официјално го напушти Советот на Европа

Русија официјално го напушти Советот на Европа

Русија денеска формално го напушти Советот на Европа, водечка организација за човекови права, спречувајќи евентуално протерување поради воената агресија врз соседната Украина.

Пјотр Толстој, шеф на руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предал писмо од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, со кое се објавува одлуката на Москва, пренесе агенцијата ТАСС.

Украина во понеделникот побара Русија веднаш да биде исфрлена од Советот на Европа.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД