Утрински Весник
Македонија

Починат маж пронајден во водите на Вардар

Вардар, Скопје, МТВ

Во СВР Скопје вчера околу 13:30 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на машко лице.

Како што информираат од МВР, на кеј Димитар Влахов, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го извлекле телото од водата и било констатирано дека се работи за З.Ѓ. (74) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирала екипа од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври