Утрински Весник
Свет

Рама: Протестите во Албанија се во интерес на Русија

Рама: Протестите во Албанија се во интерес на Русија

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека неколкудневните протести на граѓаните поради поскапувањето се во интерес на Русија.

„Русија го сака ова. Токму во земјите кои ја поддржуваат Украина има такви протести против растот на цените“, рече тој на средбата со граѓаните.

Рама објаснува дека војната и кризата не се проблем само на украинскиот народ, туку и на сите Европејци и оти растот на цените е последица на оваа криза.

„Иако директните последици од војната ги трпат граѓаните на Украина, последиците од кризата ја погодуваат цела Европа, а протестите против европските влади се во функција на Москва“, рече Рама.

Тој наведува дека најважна не е нафтата, туку цената на енергијата.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон