Утрински Весник
Македонија

Сончево со умерена облачност и температури до 16 степени

Сончево со умерена облачност и температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во северните делови и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемената облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и сабота ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари