Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Се покажа дека разрешувањето на директорката на градинката „Детска радост“ било незаконско

СДСМ: Се покажа дека разрешувањето на директорката на градинката „Детска радост“ било незаконско

По укажување на Министерството за труд и социјална политика за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска, соопшти СДСМ.

Со ова, како што велат од владејачката партија, се потврдило дека нејзиното разрешување било незаконско, со бројни прекршувања на постапките од страна на градоначалникот Стефковски.

„ Ја поздравуваме брзата и ефикасна реакција на надлежните институции, времето на градоначалници – шерифи кои незаконски отпуштаат и деградираат луѓе од работни позиции, исклучиво заради партиски интереси е завршено“ додаваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа