Утрински Весник
Македонија

До среда ќе се задржи сончево со мала облачност

До среда ќе се задржи сончево со мала облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во северните делови и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемената облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и сабота ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа